СОНУВАМ СО ОТВОРЕНИ ОЧИ Лука Модриќ прослави една деценија во дресот на Реал Мадрид

Искусниот играч за врска, кој наскоро ќе наполни 37 години, одигра 439 натпревари за Реал, а постигна 32 голови и запиша 73 асистенции.

234

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ изјави денеска дека одлуката пред една деценија да потпише договор со Реал Мадрид е една од најдобрите што ја донел во неговиот живот.

– Потпишувањето за Реал Мадрид ми беше една од најдобрите одлуки во животот. Играњето тука е како сон од кој сè уште не сакам да се разбудам – изјави Модриќ во интервју за шпанскиот весник „Ас“.






Искусниот играч за врска, кој наскоро ќе наполни 37 години, одигра 439 натпревари за Реал, а постигна 32 голови и запиша 73 асистенции.

Хрватот во Мадрид дојде од Тотенхем, а со Реал освои 21 трофеј, вклучувајќи и пет титули во Лигата на шампиони и три шампионски титули во Шпанија.

Поврзани содржини