СОНОТ ЗА МУНДИЈАЛОТ Е СЀ УШТЕ ЖИВ! Еве кога „рисовите“ ќе го дознаат противникот во баражот

Македонската фудбалска репрезентација сè уште има шанси за пласман на Мундијалот во 2026 година, жрепката во Цирих ќе го одреди патот до историскиот настап во Канада, Мексико и САД.

341

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги дознае своите можни ривали за баражот за пласман на Светското првенство 2026 на 20 ноември, само два дена по последниот квалификациски натпревар против Велс во Кардиф.

Жрепката за европските плеј-оф натпревари ќе се одржи во седиштето на ФИФА во Цирих, со почеток во 13 часот, а ќе го одреди патот што селекциите ќе треба да го поминат за да обезбедат место на најголемиот фудбалски спектакл на планетата.






Македонија и понатаму има реални шанси да го освои второто место во групата Ј, но дури и во случај тоа да не се случи, може да обезбеди место во баражот преку Лигата на нации.

Жрепката ќе биде клучна за одредување на шестте селекции што ќе обезбедат место преку плеј-оф турнирот, како и 16 репрезентации што ќе се натпреваруваат во европските баражи.

Светското првенство во 2026 година ќе биде првото во историјата со 48 репрезентации, а ќе се одржи во Канада, Мексико и САД од 11 јуни до 19 јули 2026 година.

Поврзани содржини