СОНОТ Е ВАЖЕН И ЗА СРЕДОВЕЧНИТЕ ЛУЃЕ Еве колку треба да спиете ноќе ако имате над 50 години
Ако сте над 50-тата година од животот целете на седум до осум часа сон секоја вечер. Ова го зачувува и подобрува вашиот метаболизам, имунолошкиот систем и здравјето на мозокот. Освен тоа, помага во балансирање на хормоните и го поддржува менталното здравје
Физичката активност и здравата исхрана се важни, но според истражувањата, не се доволни.
Имено, без квалитетен сон, се чини дека нема здравје и долговечност откако ќе зачекориме во педесеттите.
Докторката Говри Реди Роко вели дека луѓето постари од 50 години, доколку сакаат да бидат здрави и да живеат подолго, треба да спијат од седум до осум часа секоја вечер.
Секојдневните навики можат да влијаат на нашето здравје и животниот век, особено додека старееме.
На постара возраст нашата свест за усвојување поздрав начин на живот расте, па многумина одлучуваат да направат некои промени. Сепак, можеби не сме ни свесни дека една од најважните здрави навики е спиењето.
Д-р Говри Реди Роко истакнува дека луѓето над 50 години треба да почнат да практикуваат редовен и квалитетен сон и да научат како да спијат подобро.
Околу 13 проценти од мажите и дури 36 проценти од жените постари од 65 години имаат значителни тешкотии да заспијат.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.