СОНК И МИНИСТЕРСТВОТО ГО УСОГЛАСУВААТ ТЕКСТОТ Новиот договор за вработените во градниките предвидува 15 отсто покачување
Зголемување на платите за 15 проценти од септември не е спорно како и другите придобивки кои се вградени во нацрт текстот кој што по усогласувањето ќе биде предмет на јавната расправа пред членовите на СОНК, стои во објавата.
Работните групи на СОНК и Министерството за труд и социјална политика ги усогласуваат различните ставови во текстот на новиот Колективен договор за вработените во градинките, објавија попладнево на фејсбук-профилот на СОНК.
„Зголемување на платите за 15 проценти од септември не е спорно како и другите придобивки кои се вградени во нацрт текстот кој што по усогласувањето ќе биде предмет на јавната расправа пред членовите на СОНК“, стои во објавата.