СОНЧЕВОТО ВРЕМЕ ЌЕ НЀ СЛУЖИ ДО НЕДЕЛА Од понеделник следуваат дождови и пониски температури

474

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северозападните делови со услови за појава на краткотраен дожд. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе достигнат максимални 34 степени во јужните краишта, а 32 во Скопје.

УХМР прогнозира дека во следните денови времето ќе биде претежно сончево со свежи утра, со појава на мала до умерена облачност и со благо покачување на дневната температура. Во недела од крајот на денот ќе се зголемува облачноста и во понеделник ќе преовладува претежно облачно време со умерен до повремено пороен дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Поврзани содржини