Сончево со услови за краткотраен дожд

Минималната температура ќе биде во интервал од три до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.

217

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови, каде ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од три до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.






Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во западните делови денеска ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Потоа следува период на стабилно време. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура до понеделник ќе опаѓа, а потоа ќе биде во благ пораст. Наутро по котлините кон средината на неделата ќе има се повеќе услови за појава на магла

Поврзани содржини