Сончево со температура до 16 степени

Во Скопје сончево, до крајот на денот со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

210

Времето денеска ќе биде претпладне сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.






Во Скопје сончево, до крајот на денот со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 14 степени.

 До четврток ќе преовладува сончево време, а од петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд кон крајот на денот. До вторник ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст.

Поврзани содржини