СОНЧЕВО СО СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР Попладне пак дожд

414

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во западните делови ќе има врнежи од дожд.

УХМ информира дека ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, наместа со брзина над 70 километри на час.






Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Температурата ќе биде висока за овој период од годината и максималната ќе се искачи до 22-от степен.

Од понеделник до средината на следната седмица се очекува стабилизирање на времето.

Поврзани содржини