СОНЧЕВО СО ПРОМЕНЛИВА ОБЛАЧНОСТ Температурата ќе достигне до 16 степени

Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.

269

Времето во земјава ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.






Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.

Поврзани содржини