СОНЧЕВО СО МАЛКУ ОБЛАЦИ До недела ќе биде стабилно, од понeделник доаѓаат дождови
Од Управата за хидрометеорлошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени. Во Скопје температурата ќе се движи од 0 до 4 степени целзиусови.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку ден краткотрајно ќе се намалат. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во Скопје ќе има магла или ниска облачност, која преку ден се очекува делумно да се намали.
Од Управата за хидрометеорлошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени. Во Скопје температурата ќе се движи од 0 до 4 степени целзиусови.
„До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Во петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат. Во понеделник претпладне сè уште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег“, информираат од УХМР.
Денеска е четврток, 5 јануари 2023 година, 5-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 360 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 16 минути. Денов трае 9 часа 14 минути.
Месечината која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее ова деноноќие, а ќе зајде во 6 часот и 3 минути.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла 50 метри има во Ресен и на планинскиот превој Ѓавато, информираат изутринава од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.