СОНЧЕВО СО МАЛКУ ОБЛАЦИ До четврток деновите ќе бидат потопли

Во Скопје денеска претпладне има услови за појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

124

Претпладне во западните и во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во Скопје денеска претпладне има услови за појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.






Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност.

До четврток ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по котлините.

Поврзани содржини