СОНЧЕВО СО МАЛА ОБЛАЧНОСТ И ВЕТЕР Вечерва може да заснежи на североисток
Во понеделник во вечерните и во ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во источните делови повремено ќе биде значително облачно, а кон крајот на денот во североисточните ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Под влијание на влажен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне, информираат од УХМР.
Во Берово утрово е измерена најниска температура во државата од – 13 степени Целзиусови. Следа Попова Шапка и Маврови Анови со -12, -10 Крива Паланка, -9 Битола, Скопје-Петровец, -8 Претор, Штип, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -7 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Виница, -6 Охрид, Тетово, -2 Гевгелија, 0 Дојран.
Како што информира УХМР, во 7 часот највисока снежна покривка од 30 сантиметри е измерена на Попова Шапка, 29 во Маврови Анови, 9 Пожаране, Крушево и 4 во Крива Паланка.