СОНЧЕВО СО ЛОКАЛНА ОБЛАЧНОСТ Попладне ќе паѓа снег во делови од земјата
Во Скопје ќе преовладува сончево време, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од снег.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот, во западните делови облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта се најавуваат локални врнежи од снег. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од -10 до -2, а максималните од 4 до 10 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од снег.
Минималните температура ќе се спуштат до -6, а максималните ќе достигнат до 6 степени.