СОНЧЕВО, ПОПЛАДНЕ НЕСТАБИЛНО СО ПОРОЕН ДОЖД Температура до 38 степени
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Од пладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Од пладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.
Максималната температура ќе достигне до 33 степени.