СОНЧЕВО, НО СТУДЕНО, СО МАЛА МАГЛА ПО КОТЛИНИТЕ Вистинска зима нема да има и оваа недела
Минималните утрински температури во Македонија се движат од -6 во Берово, до 1 во Дојран, а максималните дневни од 10 до 15 степени.
Денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Според УХМР, минималните утрински температури во Македонија се движат од -6 во Берово, до 1 во Дојран, а максималните дневни од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Според македонскиот метеопрогнозер Славчо Поповски, влијанието на високиот воздушен притисок (Антициклон) продолжува и во текот на оваа седмица. Времето ќе биде стабилно и суво со релативно ладни утра и со натпросечно топли денови. Сепак, по котлините и по речните долини и понатаму ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во утринските и во ноќните часови.
Појава на магла и на ниска облачност особено во утринските и во ноќните часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ.
Целата прогноза на Славчо Поповски може да ја прочитате на следниов ЛИНК.