СОНЧЕВО, НО ПОСТУДЕНО Температура до 25 степени
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умeрен ветер од југоисточен правец.
Времето утрово ќе биде студено за овој дел од годината, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умeрен ветер од јужен правец, само во западните делови ветерот ќе е западен и повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 18 до 25 степени. УВ=6.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умeрен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.