СОНЧЕВО И НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО Ќе дува засилен ветер

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 34 степени.

584

Времето во земјава ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, на места со брзина над 70 км на час. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.






Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 34 степени.

Во сабота ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Услови за краткотраен пороен дожд ќе има и во недела претпладне. Потоа продолжува стабилно време со нешто пониски дневни температури.

Поврзани содржини