СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО Температура до 40 степени

Во Скопје слично време со температура до 37 степени.

99

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.






Во Скопје слично време со минимална температура од 19, а максималната до 37 степени.

Поврзани содржини