СОНЧЕВО И МНОГУ СТУДЕНО И ДЕНЕСКА Температурата ќе достигне до 12 степени
Од УХМР најавуваат дека до понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Времето денеска во земјава ќе биде сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност. Долж Повардарието ќе дува повремено засилен северозападен до северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 9 степени.
Од УХМР најавуваат дека до понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.