Сончево до пладне, на југ попладне дожд

418

Времето во земјава прeтпладне посончево, преку денот променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Попладне претежно во јужните и западните делови ќе има услови за локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум степени, а дневната температура од 14 до 22 степени.






Во Скопје сончево со умерен до засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 22 степени.

Под влијание на влажен бран во вторник ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места. Во среда ќе биде претежно суво, но ветровито и посвежо

Поврзани содржини