СОНЧЕВО ДО ПЕТОК, ПА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО Викендот носи дожд и пад на температурите

До петок сончево и стабилно, за викенд дожд и заладување, најавува УХМР.

81

До крајот на неделата ќе преовладува стабилно и топло време со постепен пораст на дневните температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во овој период ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Според прогнозата, во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно, а ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и изолирана појава на ретки грмежи.






Промена ќе има и во правецот на ветерот – долж Повардарието се очекува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Поврзани содржини