СОНЧЕВ И МНОГУ ТОПОЛ НЕДЕЛЕН ДЕН Умерена облачност најавена за попладневните часови

И денеска најтопло ќе биде во Гевгелија каде се очекуваат температури до 38 степени, а најсвежо во Маврово со највисока температура до 25 степени, со услови за дожд и грмежи.

423

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ факторот ќе биде 7 – информираат од УХМР.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува и во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе искачи до 36 степени.






И денеска најтопло ќе биде во Гевгелија каде се очекуваат температури до 38 степени, а најсвежо во Маврово со највисока температура до 25 степени, со услови за дожд и грмежи.

Поврзани содржини