СОНЦЕ, ОБЛАЦИ, ДОЖД И ВЕТЕР Есенско променливо време, од четврток потопло
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 2 степени во Маврово, а дневната ќе достигне најмногу до 19 степени Целзиусови, и тоа во Велес.

И во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Температурата ќе се движи од 7 степени наутро, до 18 степени преку денот.
Понатаму следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.
Во среда ќе има локални врнежи од дожд.
Од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
