СОНЦЕ И ПОПРИЈАТНИ ТЕМПЕРАТУРИ Стабилно време со слаб до умерен ветер од север

Утре нѐ очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат метеоролозите.

37

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -2 во Берово до 6 во Гевгелија, а максималните дневни од 11 во Маврово и 17 Целзиусови степени во Гевгелија.






Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 2 до 17 степени.

В сабота нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -2 степени до 5 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 11 степени до 18 степени.

Според прогнозата на УХМР во недела ќе имаме променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -1 степени до 5 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 11 степени до 16 степени.

Поврзани содржини