СОНЦЕ И МАЛКУ ОБЛАЦИ Може да попрска и краткотраен дожд
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.
Време денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во северозападните планински подрачја ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 7, прогнозираат од УХМР.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.
И во следните три дена времето се очекува да биде сончево со мала облачност. Првите поголеми локални дождови ќе дојдат в четврток.