СОМНИТЕЛНАТА СМРТ НА РУСКИТЕ ШПИОНИ Кој ги уби противниците на Путин?
Најпознатиот случај беше труењето на Александар Литвиненко во 2006 година. Литвиненко умирал полека и со силни болки. Од болничкиот кревет тој покажа со прст кон рускиот претседател Владимир Путин и Кремљ, тврдејќи дека само тие се одговорни за тоа што му се случило.
Мистериите кои следат по смртта на поранешни руски шпиони, олигарси и свиркачи, по долгогодишна истрага, до денеска остануваат нерешени. Нема доволно официјални информации во овие случаи за да се одговори на прашањето дали и кој ги отрул поранешните руски шпиони и свиркачи.
Приказните и сомнежите што ги придружуваат овие случаи неодоливо потсетуваат на неколку примери што се случија во последните години.
Најпознатиот случај беше труењето на Александар Литвиненко во 2006 година. Литвиненко умирал полека и со силни болки. Од болничкиот кревет тој покажа со прст кон рускиот претседател Владимир Путин и Кремљ, тврдејќи дека само тие се одговорни за тоа што му се случило.
– Можеби успеавте во намерата да замолчите еден човек, но вревата на другите ќе ви одекнува во ушите господине Путин до крајот на животот – порача тој.
Истрагата спроведена во Велика Британија покажа дека Литвиненко бил убиен од двајца руски шпиони кои му вбризгувале радиоактивен полониум во чајот во хотел. Поврзаноста на Путин со неговото труење не е официјално докажана, но сомнежите остануваат. Сепак, делумно е потврдено дека Путин „најверојатно го одобрил“ убиството на овој поранешен шпион. Кремљ жестоко ги отфрли обвинувањата и одби да екстрадира двајца шпиони осомничени за труење на Литвиненко. Пред да оди во Велика Британија, Литвиненко работел за Федералната служба за безбедност на Руската Федерација, агенцијата наследник на озлогласената и позната КГБ. Неговата последна работа, по распадот на Советскиот Сојуз, беше да организира оддел за борба против корупцијата, поради што стекна многу непријатели. Откако ја напушти агенцијата, тој ги обвини за серија бомбашки напади во 1999 година во кои загинаа стотици луѓе и ја поттикнаа руската инвазија на Чеченија таа година.
Тој пристигнал во Велика Британија во 2000 година и стана свиркач. Неговата вдовица Марина Литвиненко вели дека тогаш почнал да работи за британските безбедносни служби.
Познатиот руски олигарх Борис Березовски беше пронајден мртов во својот дом во 2013 година. Истрагата не нашла докази за сомнителна смрт, па полициските службеници заклучиле дека тој извршил самоубиство. Како и Литвиненко и тој имал голем број непријатели. Во моментот на смртта, 67-годишникот бил во финансиски проблеми. Огромното мнозинство од своите милијарди, кои ги заработил со продажба на луксузни автомобили, го загубил за време на парницата за развод, но и поради судскиот спор против Роман Абрамович, кој го чинел 6,5 милијарди долари.
Неколку месеци откако Путин стана претседател и почна да собира даноци од бројни руски олигарси, го нападна и Березовски. Тој побегна во Британија и од сигурно место, продолжи да агитира против Путин. Во Русија беше осуден во отсуство за даночно затајување во 2007 година. Тој возврати со обвинувања за смртни закани и обид за убиство. Неколку месеци пред неговата смрт, потврди Кремљ, тој испратил писмо до Путин во кое бара безбедно враќање во Русија. „Тој призна дека направил голем број грешки, побара прошка и побара од Путин да му дозволи да се врати во Русија“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Се уште не се знае дали и што одговорил Путин, но сигурно е дека Березовски не се вратил.
На 44-годишна возраст почина финансиерот Александар Перепилични. Како што покажа истрагата, тој во 2012 година отишол на џогинг од кој никогаш не се вратил. Иако првично се мислеше дека станува збор за природна смрт, истрагата која траеше со години покажа дека најверојатно е отруен. Токсиколозите во неговиот стомак пронајдоа редок растителен отров Гелсемиум. Минатата година беше откриено дека отровот најверојатно завршил во неговата супа што ја изел непосредно пред да трча. И умрел набрзо потоа .Во моментот на неговата смрт, овој свиркач соработувал во истрагата за можното перење на милиони долари поврзани со Русија.