📷 СОЛЗИТЕ НА КРАЛИЦАТА КАМИЛА ГО ОБИКОЛИЈА СВЕТОТ Прв говор на Кралот Чарлс по дијагнозата за рак
Кралот и кралицата беа преплавени со емоции додека воен ветеран зборуваше за ужасот од губењето на својот „драг пријател“ на плажите.
Кралот Чарлс и кралицата Камила вчера покажаа повеќе емоции отколку што е обичај за кралското семејство на јавен собир – кралицата дури и заплака во еден момент.
Камила била преплавена од емоции додека слушала како воен ветеран зборува за ужасот од губењето на својот драг пријател при истоварувањето во Нормандија пред 80 години.
View this post on Instagram
Кралицата била трогната до солзи додека поранешниот припадник на кралската морнарица Ерик Бејтман се присетил на своето искуство на плажата Јута – додека кралот Чарлс исто така изгледал видно трогнат.
View this post on Instagram
Бејтман, кој служел на воениот брод ХМС Еребус, опишал како тој ден можело да се „прешета преку каналот“, бидејќи имало толку многу чамци во инвазијата.
Сеќавајќи се на своите паднати другари, Бејтман рекол дека тој ден „толку многу мажи и жени, меѓу кои и неговиот драг пријател Фред, тргнале со него, но не стигнале до целта“.
Чарлс и Камила им се придружија на принцот од Велс, водечките британски политичари и ветераните на големиот настан во Портсмут, каде кралот го одржа својот прв јавен говор откако му беше дијагностициран рак.
„Приказните за храброст, издржливост и солидарност што ги слушавме денеска и во текот на нашите животи не можат, а да не нè поттикнат, да нè инспирираат и да нè потсетуваат на она што ѝ го должиме на таа голема воена генерација“, рекол кралот, обраќајќи им се на насобраните.
Чарлс, кој добил стоечки овации додека излегувал на сцената придружуван од кралицата Камила, бил одлучен во тоа да присуствува на комеморацијата иако во моментот е во процес на закрепнување од рак.