Солскјер: Можеме да победиме секого, Ливерпул е најтежок тест за нас
Ливерпул ќе биде домаќин на Манчестер јунајтед в недела (17 јануари) со почеток во 17:30 часот.
Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле-Гунар Солскјер ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар во Премиер лигата со Ливерпул.
– Секој тим започнува натпревар со идеја дека може да го добие. Знаеме дека можеме да победиме секого, каде било, во кое било време. Затоа е убаво да се пристапи кон играта со чувство дека играјќи најдобар фудбал можеме да победиме. Ова е тест, вистински тест за тоа каква е нашата позиција навистина, бидејќи Ливерпул на „Енфилд“ е еден од најтешките тестови – изјави Солскјер.
Тој знае дека само со максимална борбеност ќе може да се избори поволен резултат на „жешкиот“ терен.
– Тие се неверојатни дома, затоа мора да се бориме за секој сантиметар на теренот. Секоја ситница може да биде одлучувачка во ваква игра – додаде норвешкиот стручњак.
Ливерпул ќе биде домаќин на Манчестер јунајтед в недела (17 јануари) со почеток во 17:30 часот.