При преглед на камион, кој според документацијата требало да превезува суровини за производство на бои и лакови, царинските службеници во Србија на 29 февруари во Горњи Милановац, под церадата на камионот пронашле автомобил „БМВ“, пренесуваат медиумите во регионот.
Возилото кое немало регистарски таблички и било добро обезбедено за да не се движи при транспорт од Словенија, било сместено во камионот, најверојатно со помош на виљушкар, велат тамошните власти.