СОКОТ ОД ЦВЕКЛО СПРЕЧУВА ЛУЃЕТО СО СТЕНТ ДА ДОБИЈАТ СРЦЕВ УДАР Природен лек за пациентите со ангина пекторис

Се покажало дека сокот од цвекло е безбеден и сигурен начин неорганските нитрати да се внесат во телото и така да се спречи повторното затнување на стентираните крвни садови.

1,004

Сокот од цвекло, како што покажа клиничкото испитување, може да ја намали појавата на срцев удар кај пациенти кои имаат вграден стент. Резултатите од истражувањето биле претставени на конференцијата на Британското кардиоваскуларно друштво и според нив, пиењето сок од цвекло секој ден, 6 месеци по поставувањето на стентот, ги намалува шансите пациентите со ангина да добијат срцев удар.

Свежиот сок од цвекло го намалил ризикот од срцев удар
Овие резултати за придобивките од сокот од зеленчук доаѓаат од испитувањето на National Institute for Health and Care Research i British Heart Foundation, претставено на конференција во Манчестер. Имено, истражувачите од болницата Свети Вартоломеј и Универзитетот Квин Мери во Лондон, откриле дека 16 отсто од пациентите со ангина имале сериозен срцев или циркулаторен настан, како што е срцев удар или потреба од друга процедура, во рок од две години по вградувањето на стент. Меѓутоа, кога пациентите земале сок од цвекло на дневна основа, овој ризик бил намален на 7,5 проценти.






Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини