СОК ОД ЛУБЕНИЦА Одлична идеја за летно чистење на организмот

Благодарение на глутатионот, лубеницата ја поттикнува работата на вашиот црн дроб, најголемиот чистач на телото. Освен што ја стимулира детоксикацијата на вашето тело, лубеницата е и нискокалорична – една шолја содржи само 46 калории, па затоа е одлична и за одржување на добра фигура, односно за губење на вишокот килограми.

137

Лубеницата се состои од дури 92 отсто вода, па затоа е идеална особено во летните месеци, кога многу се потиме. Покрај одличната хидратација и освежување, особено ако се јаде разладена, одлична е и за детоксикација на организмот.

Ова овошје задоволува 20% од потребите на организмот за витамин Ц, како и 17% од потребата за витамин А. Содржи и витамини од Б-комплексот, како што се тиамин, пиридоксин и рибофлавин.






Лубеницата е богата со цитрулин, аминокиселина која делува и како одличен диуретик, што значи дека го поттикнува мокрењето, а со тоа и го чисти организмот.

Богата е и со аргинин, кој заедно со цитрулинот ја подобрува циркулацијата и спортските перформанси, па затоа сокот од лубеница е одличен за пиење пред поинтензивни физички активности.

Со консумирање на сок од лубеница, во организмот ќе внесете изобилство на диетални влакна, благодарение на што ќе ви се исчистат цревата.

Ова овошје е одлично и за здравјето на бубрезите бидејќи содржи ниско ниво на натриум и високо ниво на калиум, минерал кој природно го намалува крвниот притисок. Благодарение на глутатионот, лубеницата исто така добро ја поттикнува работата на вашиот црн дроб, најголемиот чистач на телото

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини