Летото е време за уживање во сонцето и во пливањето, а од неодамна и во стоечкото веслање или во оригинал како што се нарекува SUP (Stand up Paddling).
Оваа активност го залуде целиот свет, па и некои познати лица како познатата пејачка и актерка Камила Кабело. Секое лето сѐ повеќе можеме да ги видиме светските ѕвезди како се занимаваат со оваа активност – од Џенифер Анистон, Кејт Хадсон, Алесандра Амброзио, Џенифер Гарнер до Гвинет Палтроу.
Сега и 24-годишната Камила објави фотографија на која облечена во кафеаво бикини позира на даска за сурфање, исправена со весло в раце.
View this post on Instagram
„Немам што да правам, никаде не мора да бидам“, напишала пејачката во описот, па открила дека деновиве ужива во одморот и го опушта телото и умот.
Нејзините обожаватели не престануваат да ѝ пишуваат позитивни коментари покрај фотографиите.
SUP е кратенка од англиското име Stand up Paddling. Станува збор за активност која со текот на времето стана најбрзо растечки спорт за време на летните месеци, а во него секој може да ужива. СУП е, всушност, веслање во мирни води, забава и рекреација на морињата, езерата, реките и во каналите. Во рок од еден час согорува до 540 калории.
ФОТО: Инстаграм/Пинтерест