Софијанова: Заспаниот имунитет создал инфекција кај децата од Гевгелија

744

Според нашите сознанија, заспаниот имунолошки систем кај децата кој сега по олабавувањето на ковид мерките ја покажува истата патологија што беше присутна во февруари и март годинава, веројатно е причина за инфекција на дишните патишта кај децата во Гевгелија, изјави по посетата на гевгелиската Општа болница, Аспазаија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести во Скопје.

Тимот педијатри од Клиниката денеска во Гевгелија кај болните деца направи брзи ПЦР тестови кои не покажаа присуство на ковид-19,. Пеидјатрите изврши увид и во документацијата на сите 50 деца и доенчиња кои изминатиов месец имале потешкотии во дишењето и земале дополнителни материјали кои ќе бидат доработени на Клиниката во Скопје.

 

Во болницата во Гевгелија се хопитализирани две деца, а 20 деца на возраст од две до пет години примаат терапија.






Поврзани содржини