СОФИЈА ЗБУНЕТА ОД „КУЛТУРНАТА ДИПЛОМАТИЈА“ НА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Паметен обид да се скрие „бруталната политичка чистка“ во Скопје, тврди агенцијата БГНЕС
„Уште еден обид на власта во Скопје да фрли прашина во очите на меѓународните партнери кои сакаат да се подобрат односите со Софија и шансите за членство во ЕУ“. Вака софиската агенција БГНЕС ја коментира утрешната приватна посета на македонската претседателката на Софија, каде ќе ја проследи операта „Набуко“ на Верди.
Посетата на Гордана Сиљановска Давков е „паметен обид да се сврти вниманието на меѓународната заедница од бруталната политичка чистка што се случува на сите нивоа на администрацијата во Северна Македонија“.
Вака софиската агенција БГНЕС ја коментира утрешната посетата на претседателката Силјановска Давкова на Софија, за да ја проследи претставата „Набуко“ на Македонската опера и балет, заедно со бугарскиот претседател Румен Радев.
„За пофалба е одлуката на Давкова да ја посети Софија на почетокот на нејзиниот мандат. Од друга страна, не е јасно дали таа е израз на културна дипломатија, како што тврди, или е уште еден обид на власта во Скопје да фрли прашина во очите на меѓународните партнери кои сакаат да се подобрат односите со Софија и шансите за членство во ЕУ. Фактите велат дека е поверојатно второто сценарио, бидејќи посетата не е официјална, туку приватна. Претседателката Давкова не е поканета од Румен Радев во официјална посета. Неодамна, таа се самопокани во Бугарија под изговор дека ќе гледа опера, за да може да имитира желба да ги разјасни односите со Бугарија. За ЕУ посетата ќе биде претставена како израз на добрососедство и желба за дијалог, а во медиумите во Северна Македонија Давкова ќе биде претставена како бранител на националната чест и достоинство од ‘бугарскиот диктат’“, коментира главниот уредник Георги Пашкулев.
Потезите како овој на Силјановска Давкова не треба да се сфатат како искрен гест за зближување, бидејќи тие служат за одвлекување на вниманието од внатрешните проблеми и хаосот во државата, оценува БГНЕС и додава:
„Посетата на Софија ќе ѝ даде можност да се претстави како интернационалист и миротворец, наместо да дава објаснувања за недостигот на какви било реформи во сферата на владеењето на правото, образованието и борбата против пандемиската корупција во земјата“.
Владата предводена од Христијан Мицкоски ја поддржува Давкова во нејзините провокации и работи активно на целосно запирање на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ, тврди БГНЕС За таа цел, Мицкоски одобрената преговарачка рамка од 27-те земји на ЕУ ја претставува како „бугарски диктат“, а склучениот договор за добрососедство со Бугарија како „понижување на македонската чест и достоинство“. Мицкоски категорично одбива да ја исполни преговарачката рамка за вклучување на Бугарите во Уставот заедно со другите народи во земјава, пишува уредникот.
Според БГНЕС, цел на антибугарската кампања на владата во Скопје е и европскиот Коридор 8, кој ги поврзува Бугарија, Северна Македонија и Албанија, поддржан од ЕК. Коридорот, кој е дел од планот на НАТО за воена мобилност, јавно беше осуден како коруптивен и од Мицкоски и од вицепремиерот на ресорот Александар Николовски.