📷 СОФИЈА ВЕРГАРА ВО ДОЛНА ОБЛЕКА СЕ ЗАБАВУВАШЕ ДО ЗОРИ Актерката во чипкаст корсет ги мамеше воздишките на мажите
Холивудската актерка Софија Вергара воодушеви во корсет од тантела и фармерки во текот на излегување во Мадрид.
Холивудската актерка Софија Вергара воодушеви во корсет од тантела и фармерки во текот на излегување во Мадрид.
Нема ништо позабавно од тоа да го претворите омиленото парче долна облека во облека за вечерно излегување. Денес, носењето долна облека како обична облека не само што е прифатено – туку стана вистински моден тренд.
Славните дами веќе извесно време го предводат овој стил: минатиот септември, супермоделот Ирина Шајк прошета во проѕирен црн фустан сличен на долна облека, Џесика Алба го прослави својот роденден во бел корсет, додека Ема Стоун воодушеви во црн фустан од тантела. Најновата во низата е Софија Вергара, ѕвездата на серијата „Модерно семејство“, која сподели нов стајлинг во овој дух на својот профил на Инстаграм.
На фотографиите објавени на Инстаграм, Вергара носи длабок лилав корсет со цветни мотиви, совршен за вечерно излегување со пријатели. Горниот проѕирен дел има длабоко црно чипкано деколте, тенки црни прерамки и тесни детали од корсетот по должина на телото. Сексапилната актерка го искомбинирала со фармерки со висока половина и дискретни светкави обетки. Косата ѝ била пуштена, додека шминката ѝ била во топли бронзени тонови, совршено нагласувајќи го нејзиниот исончан тен.
View this post on Instagram
Во описот на една фотографија на шпански јазик, Софија напишала:
„Во Шпанија со моите омилени Шпанци“.
На друга фотографија, на која позира со своите пријателки, вклучувајќи ги Ева Лонгорија и Еиза Гонзалез, таа додала:
„Ноќ во Мадрид со овие прекрасни жени!!“
View this post on Instagram