Софија Вергара се вакцинираше, обожавателите ја обвинија: Лажеш, ова е лош фотошоп! ВИДЕО

2,767

Холивудската актерка Софија Вергара на својот инстаграм-профил објави видео во траење од неколку секунди во кое наводно е снимена како се вакцинира против коронавирусот.

„Го направив тоа за моето семејство, го направив тоа за моите пријатели кои тоа не можат да го направат заради медицинските третмани што ги примаат, го направив тоа за да можеме сите да си го вратиме својот живот. Го направив тоа, бидејќи за мене тоа е исправно! За кого ти тоа го правиш?“, напишала актерката под објавата.






Но, коментарите под видеото се поделени.

Некои ја пофалија актерката за промовирање на вакцинацијата.

„Честитки“, „Прекрасна порака, Софија“, „Ти благодарам што го сподели ова“, напишале во коментарите.

Меѓуто, огромното мнозинство верува дека видеото е лажно и дека актерката всушност не се вакцинирала.

„Зошто тој не носи маска или ракавици?“, „Зошто тој ја држи иглата така? Зарем не треба неговиот палец да биде на врвот за да ја исцеди течноста во нејзината рака? Не верувам во ова“, „Не си се вакцинирала и тоа се гледа на снимката. Видеото е лажно“, „Лош фотошоп“, се само дел од коментарите.

Софија не реагираше на овие обвинувања.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

 

Поврзани содржини