📷 СОФИЈА ВЕРГАРА СЕ СОНЧА ТОПЛЕС И ВО ТАНГА Актерката никогаш не објавила посекси фотографија!
Колумбиската актерка Софија Вергара (52) објави заводлива фотографија од топлес на својот инстаграм-профил додека се сонча покрај базенот.
Колумбиската актерка Софија Вергара (52) објави заводлива фотографија од топлес на својот инстаграм-профил додека се сонча покрај базенот.
„Llego el verano!☀️“, напиша таа во описот на објавата, што во превод значи: „Летото пристигна“.
View this post on Instagram
Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои ја лајкнуваа и коментира фотографијата, вклучувајќи ја и колешката судијка на „Америка има талент“, моделот Хајди Клум.
„Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство на бројните обожаватели.
Софија неодамна се најде во центарот на вниманието на медиумите поради нејзината наводна врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Иако беа видени заедно неколкупати, нивната романса, според странските медиуми, не траеше долго. Се вели дека Луис го изгубил интересот, а актерката наводно потоа се чувствувала „напуштена“.
Пред тоа, Софија беше во брак со актерот Џо Манганиело, од кого се разведе минатата година.
Во претходните интервјуа, таа отворено зборуваше за своите очекувања во врските.
„Сакам да кажам основни работи, како што се здравјето и некој што ме сака. И некој што е висок, згоден“, рекла таа во тоа време.
Софија исто така додала и дека рамнотежата во финансиите е важна за неа:
„Сакам некој што има иста количина пари како мене или повеќе, бидејќи ако нема, тоа е кошмар. На крајот, тоа ќе ти го забележат. Сакам некој што е забавен. Ми треба забава во мојот живот.“