Актерката со колумбиски корени е една од најпосакуваните жени во светот и никој не може да се изначуди дека таа има 47 години, а изгледа двапати помладo.
Деновите во моментот ги поминува, како и сите, во изолација во својата раскошна куќа, а друштво ѝ прават сопругот Џо Манганиело и 27-годишната внука Клаудија Вергара, ќерка од постариот брат на Софија, Рафаело кој е убиен пред 20 години.
Според фотографиите, Софија организирала пикник покрај базенот за време на карантинот.
Притоа Софија позирала со својата внука која неверојатно наликува на неа, а многумина не можат да распознаат која е тетка, а која внука. Секапилната Колумбијка ја објави фотографијата на Инстаграм, каде се покрена лавина од коментари.
„Стар модел од ’72 и нов модел од ’92“, напишала актерката под објавата.
Под објавата, дел од нејзините обожаватели ѝ порачале дека е прекрасна, а дел напишале и дека Џо е вистински среќник. Џо неодамна признал дека му било непријатно да се запознае со Софија бидејќи со години бил опседнат со нејзината убавина. Тие се запознале во 2014 година, се венчале една година подоцна, а денес се еден од омилените холивудските парови.
View this post on Instagram
Modelo viejo del 72 y modelo nuevo del 92😂😂😂😂 #alwaystwinning👯 @cdvergara ❤️❤️❤️🌝🌝🌝
FOTO: Instagram Sofia Vergara