Престижниот магазин „Форбс“ минатата недела ја прогласи Софија Вергара за најплатена актерка во Холивуд.
По убавата вест, ѕвездата на серијата „Модерно семејство“, која поради изгледот редовно се наоѓа на топ листата на најубави жени во светот, објави провокативна фотографија на која лежи полугола на песок, а на себе има цветен минијатурен костим за капење.
Софија повторно ги „запали“ социјалните мрежи присетувајќи се на своето растење во 90-те во Колумбија.
Иако на почетокот таа добивала ангажмани поради својот изглед, Вергара одамна има докажано дека е нешто многу повеќе од само убавица.
ФОТО: Инстаграм