СОФИЈА ПАК СЕ ФАТИ ЗА БУГАРСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО НА САЊА БОЖИНОВСКА Агенцијата БГНЕС ја објави декларацијата со потписот на министерката

На документот кој го објави БГНЕС стои личен потпис на Сања Божиновска на кирилица и на латиница, а не на нејзиниот адвокат, на кој пишува „изјавувам дека имам бугарска национална свест и имам бугарско потекло“.

2,407

Откако министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска неодамна призна дека во 2004 година зела бугарско државјаство од економски причини, денеска бугарската новинска агенција БГНЕС ја објави декларацијата на којашто се гледа потписот на министерката.

– Ниту еден граѓанин на Македонија не потпишал изјава дека се чувствува како Бугарин, бидејќи тоа го прават бугарските адвокати кои земаат пари за посредување – неодамна изјави Божиновска.






Иако станува збор за стандардна формулација која им се дели на сите баратели на бугарски документи, БГНЕС забележува дека потписот на Божиновска е ставен во 2004 година, односно 3 години пред Бугарија да стане полноправна членка на ЕУ.

Пред десетина дена, министерката се огласи на социјалните мрежи по повод изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова која кажа дека лично ги видела нејзините документи и таму стои дека изјавува дека има бугарска самосвест.

„Госпоѓата Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век. Ниту еден граѓанин на Македонија кој добил бугарско државјанство не се чувствува за Бугарин. Всушност тоа го видовме и на пописот во Македонија со екстремно симболичната бројка на попишани Бугари“, објави министерката.

Божиновска ја повика Јотова, наместо со „ситни полициски подметнувања“ да се фокусира на признавањето на правата на Македонците во Бугарија како малцинство и да им обезбеди основни човекови права.

 

Поврзани содржини