Софија Лорен се враќа на филмското платно по 11 години пауза

797

Легендарната италијанска актерка Софија Лорен (86) се враќа на филмското платно по 11-годишната пауза. Филмската икона ќе игра во драмата на „Нетфликс“, „The Life Ahead“, во режија на нејзиниот син Едоардо Понти.

Софија ќе ја толкува мадам Роза, Еврејка која, откако го преживеала холокаустот, се грижи за децата на починатите сексуални работници со кои некогаш работела на улиците. Таа развива нежно пријателство со Момо, 13-годишно сираче од Сенегал, кое се обидело да ѝ ги украде свеќниците, пишува „Гардијан“.






Филмот ќе има премиера во октомври во Рим, а потоа ќе биде достапен на „Нетфликс“.

Лорен изјавила дека „ја зграпчила шансата“ да ја игра Роса, која ја потсетила на нејзината мајка.

Актерката претходно два пати соработувала со синот. Последен пат во „Between Strangers“ во 2002 година.

 

 

Поврзани содржини