Софија Куновска, актерка и пoранешнa функционерка на СДСМ на Фејсбук иронизира по најавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека се откажал од патните трошоци што им следуваат на пратениците.
Претходно, објавивме дека Заев и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски потпишале изјава со која се откажуваат од патните трошоци што би ги добиле како пратеници во Собранието.
„Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ и наша програмска определба. За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци“, напиша Николовски на својот профил на Фејсбук.