СОФИЈА ГО ОДБРАНИ СВОЈОТ ИНТЕРЕС Јанев задоволен, следната бугарска влада ќе има сличен став

Техничкиот премиер Јанев додаде дека и следната бугарска влада која ќе биде избрана ќе биде на слична позиција.

531

Привремениот владин кабинет успеа да го заштити националниот интерес на Бугарија во надворешната политика, особено во однос на бугарската позиција за Северна Македонија. Тоа го оцени на прес-конференција за активностите на Владата техничкиот премиер Стефан Јанев, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Јанев, Бугарија демонстрирала дијалог и направила сѐ што е потребно.






– Софија ја аргументираше својата позиција пред своите европски партнери, така што овој тип на однесување се базира на принципиелна позиција, бидејќи зборуваме за заедничкото европско семејство. Бугарската Влада достојно го бранеше националниот интерес на Бугарија – рече Јанев.

Премиерот додаде дека и следната бугарска влада која ќе биде избрана ќе биде на слична позиција.

Поврзани содржини