СОФИЈА ДА ГО СМЕНИ УСТАВОТ Македонците во Бугарија со Декларација бараат да запре негаторската политика
Ова се дел од барањата од Декларацијата на шест организации и здруженија на Македонци во Бугарија кои пак од двете држави побараа македонското малцинство во Бугарија и бугарското во Македонија да влезат во уставите на двете земји.
Загриженост за ситуацијата во која се наоѓа македонското малцинство во Бугарија со барање земјава да почне да се грижи за нив, побараа со Декларација организациите на Македонците во Бугарија, повикувајќи ги притоа и Софија и Скопје да ги внесат и македонското и бугарското малцинство во своите Устави. Одговорот од македонската влада е дека не се меша во внатрешни работи на други држави, јави Телма.
Бугарија да ја запре политиката на негирање, дискриминација и асимилација на македонското малцинство, а македонската влада да запре да прави непринципиелни компромиси и да ги задоволува антимакедонските апетити на националистичките кругови во Софија.
Ова се дел од барањата од Декларацијата на шест организации и здруженија на Македонци во Бугарија кои пак од двете држави побараа македонското малцинство во Бугарија и бугарското во Македонија да влезат во уставите на двете земји.
Организациите на Македонците во Бугарија барат Софија да го смени Уставот така, што во него јасно да бидат гарантирани правата на националните и етнички малцинства и да не може „единството на нацијата“ да биде користено против правата на малцинствата. Од Бугарија бараат и да ја деблокира Македонија во ЕУ и ги повлече барањата кон неа кои не се во согласнот со копенхашките критериуми.
Од Македонија пак бараат да започне да се грижи за македонското малцинство надвор од Македонија.