СОФИЈА БИ МОЖЕЛА ДА ГО НАМЕТНЕ И ПРАШАЊЕТО „КАМЧЕВ“ Кој измислува бугарска врска за да го малтретира обвинетиот бизнисмен?

Претставниците на бугарската амбасада се интересирале и за лица вработени во АНБ, за кои вчера беше утврдено дека се криминалци, фатени со поткуп и уапсени, а се осомничени за уцена и рекетирање бизнисмени. Едно од тие лица е истото што ја има напишано службената белешка врз основа на која е притворен Јордан Камчев. Денеска АНБ се обидува да ги прикрие овие лица.

3,031

На барање на бугарската амбасада, денеска во КПУ Скопје е остварена средба помеѓу Јордан Камчев и претставници од бугарската амбасадата.

Плусинфо дознава дека претставниците на бугарската амбасада изразиле револт, бидејќи до Министерството за правда нивното барање било испратено пред повеќе од 50 денови, а во исчекување на одговор биле изложени на пинг-понг ситуација помеѓу МНР и Министерството за правда.






Посебен и главен интерес на средбата изнеле за службената белешка издадена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), врз база на која Камчев заврши во притвор во март оваа година. Во белешката беше наведено негово наводно бегство од земјата во соработка со служби од Бугарија, со што директно, без никакви презентирани докази покрај обвинувањето за бегство, се инволвираат и служби од Бугарија кои во белешката се „обвинети“ за помагање на истото.

Претставниците на бугарската амбасада се интересирале и за лица вработени во АНБ, за кои вчера беше утврдено дека се криминалци, фатени со поткуп и уапсени, а се осомничени за уцена и рекетирање бизнисмени. Едно од тие лица е истото што ја има напишано службената белешка врз основа на која е притворен Камчев. Денеска АНБ се обидува да ги прикрие овие лица.

Претставниците на бугарската амбасада изразиле интерес и за тортурата на која беше подложен Камчев, а која се потврди и во извештајот на Народниот правобранител, по неговата посета во затворската ќелија на Камчев на почетокот на неговиот притвор.

Со тоа, кај нив се отворило и прашањето за условите кои притворениците ги имаат во затворот Шутка како и дали ги уживаат правата кои им следуваат. Диломатите се интересирале до кој степен се почитуваат или не се почитуваат и основните човекови права во земјата.

Познавачите предупредуваат дека Бугарија би можела овие прашања да ги подигне на ниво на услов за преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Бугарија е земја членка на ЕУ, а со самото тоа потврдено остварила напредок во заштитата и почитувањето на човековите права и слободи и има регулиран, непристрасен правосуден систем. Јордан Камчев, врз кого во земјава се изживуваат веќе 8 месеци и го местат со монтирани белешки од АНБ, има двојно државјанство, македонско и бугарско.

 

 

 

Поврзани содржини