Софија ја поддржува европската интеграција на Македонија, но Радев очекува „неповратни“ резултати од дијалогот со Скопје

234

Бугарскиот претседател, Румен Радев, изјави дека Софија ја поддржува европската интеграција на Македонија, но очекува резултати од директниот дијалог со Скопје.

Во видео-конференција со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, на кој се дискутираше за мерките за справување со пандемијата на коронавирусот, како и за темите на агендата на ЕУ со фокус на политиката на проширување, шефот на бугарската држава истакна дека Бугарија принципиелно и доследно ги поддржува европските интеграции на Македонија.






Но, Радев нагласи дека Бугарија очекува одржливи и неповратни резултати во процесот на градење добрососедски односи и во овој поглед најважен е директниот и отворен дијалог меѓу двете страни.

 

Поврзани содржини