Софче Џорлева ја победи битката со коронавирусот: Лежела на Инфективна, со кислородна поддршка ФОТО

2,237

Пред неолку недели, младиот пејач Огнен Здравковски објави дека е позитивен на коронавирусот. Сега, преку објава на Фејсбук, Огнен откри дека и неговата мајка, пејачката Софче Џорлева, била позитивна на ковид-19, но таа поминала многу потешко.

Огнен Здравковски напиша на својот фејсбук-профил:






„ДО СИТЕ ШТО НЕ ВЕРУВАТЕ ДЕКА КОРОНАТА ПОСТОИ!!!

Сите што ја познавате мајка ми Софче Џорлева, знаете каква жена е. Секогаш позитивна, насмеана и секогаш со смисла за хумор, па така и успеа да ја победи битката со „COVID 19“ (Коронавирус) иако беше премногу критична и ништо не се знаеше!!! 2 недели лежеше на „Инфективната Болница“ во Скопје, со кислородна поддршка, со гушење и со многу намален капацитет на дишење… Конечно после 12 дена со два негативни теста си дојде дома и ја победи битката со овој НАЈГАДЕН ВИРУС!!! БОГ е голем, фала му и слава му!!! Голема благодарност до целиот тим на Инфективно, што 24/7 се грижеше за неа и и помогнаа да ја победи оваа битка!!!“, стои во описот на фотографијата.

 

ФОТО: Фејсбук

Поврзани содржини