Социјалните партнери задоволни од она што го работиле изминатата година

Синдикатите тврдат дека ги одбраниле работничките права, а владата дека направила се работниците да не останат без работа.

152

Два дена пред Празникот на трудот синдикатите владата и работодавачите  како учесници во социјалниот дијалот се пофалија со постигнатото во изминатата година на планот на  работничките права.Синдикатите тврдат дека ги одбраниле работничките права, а владата дека направила се работниците да не останат без работа. Работодавачите, пак, се жалат на реализацијата на законите.

Синдикатите тврдат дека низ дијалогот укажале оти нема да дозволат кризата да се насочи само кон работниците и нивните смејства и дека главно барање имбило да се признае дека општеството зависи од трудот и работниците.






– Ние као синдикати бараме на работниците да им се гарантира пристојна работа и заработувачка, со место во општеството кое го заслучуваат со својот труд. Апелираме за потреба од солидарност и заедништво до сите чинители во општествтото за справување со здрваствената криза и последиците од неа – рече секретарот на Сојузот на синдикатите  Златко Цветковски.

Претседателот на Организацијата на работодавачите Ангел Димитров рече дека имаме добри закони но тие се само на хартија, а при реализирањето се посега само по казните.

– Тоа не се решава само со зголемување на казните. Тоа мора да се решава и со одредена флексибилност во законот за работни односи –  рече Димитров.

За Премиерот Зоран Заев зачувуањето на работните места, унапредувањето на правата и  зголемување на платите изминатата година биле приоритет за Владата.

– Суштинскиот и солидарен дијалог доби на интензитет изминатата година и ја покажа сета потреба за учество во справување со кризата предизвикана од пандемијата. Освен здравјето на луѓето кризата се закани да ги загрози илјадниците работни места. Затоа на прво место на економските приоритети на Владата уште од почеток на пандемијата беше низ дијалог на работниците и компаниите да им се даде поддршка за да се сочуваат стотици илјади работни места – рече  Заев  по свечената седница на Економско-социјалниот совет.

 

За вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изминатата година била предизвик за сите посебно за овозможување на помош за сите..

– Ако се анализираат сите шест пакети економски мерки кои ги креиравме и донесовме заедно со социјалните партнери, јасно се гледа дека во центарот е токму тоа, да биде зачувано секое едно работно место, секој еден работник да продолжи да ги извршува своите работни задачи и за тоа да биде соодветно платен – рече Битиќи.  

Тој потсети на порастот на минималната плата од  9.000 денари во 2016 гоидна денес до 15.200 денари годинава, што е зголемување за 68,8 проценти како и на порстот на просечната плата. 

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска рече дека изминатата година интензивно се работело на системски решенија  пред се во изработка на нов Законот за работни односи.

– Прецизно ќе ги уредиме договорите на определено време, со што ќе обезбедиме сигурност за работниците, ќе уредиме после колку време и под кои услови тие треба да преминат во договори на неопределено време, ќе ја регулираме сезонската работа, особено правата на работниците во периодот кога не се сезонски ангажирани. Ќе обезбедиме модерно и ефикасно решение за породилното отсуство, во делот на мајчинството и родителството, во кое и таткото ќе има право за отсуство од работа. Породилното отсуство ќе биде подолго од сега предвидените девет месеци – рече Шахпаска.

 

Поврзани содржини