Социјалните мрежи вријат од коментари за помошта на владата за Арачиново, Шилегов тврди нема обесправени општини

„Дали владата му плаќа репарација на Арачиново за полициската акција?“„Ако општина Арачиново доби 500.000 евра со 10 заразени од ковид-19 општина Прилеп треба да добие 50 милиони евра“, коментираат граѓани.

7,970

Лавина од реакции на социјалните мрежи откако Владата соопшти дека одобрила еднократна помош во износ од  30.000.000 денари (500.000 евра) за Општина Арачиново за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради ковид–19. Парите се обезбедени од Буџетот за годинава.

„Дали владата му плаќа репарација на Арачиново за полициската акција?“; „Ако општина Арачиново доби 500.000 евра со 10 заразени од ковид-19 општина Прилеп треба да добие 50 милиони евра“; „Јас мислам дека е пологично Арачиново да ја помогне Владата, не обратно. Па малце ли го толерира тој шверц со години.Треба Арачиново да каже фала“; „Еве мопжеби општина Арачиново ќе го изгради патот до скијачкиот центар Кожуф. Општините со години не го изградија, па тој оди во стечај“. Ова се само дел од коментарите на граѓаните.






Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, пак, денеска ја бранеше одлуката на Владата.

– По целосна разработка на проектите кои што градот и општините од градот имаат доставено до Влада, со цел на централната власт да и помогне на локалната власт и да изврши финансирање на определени проекти, завршени се во вкупен износ од околу 35 милиони евра за сите општини во нашата држава. Така што, нема обесправени општини во смисла дека добиваат материјална помош од централната власт а предизвикана поради скратените буџетски приливи на нашите буџети од ковид-кризата. Очекувам дека Владата ќе излезе со целовкупниот концепт многу набрзо. Не гледам дека има хендикепт во таа смисла – изјави Шилегов на денешната прес конференција.

На прес- конференцијата присуствуваа и градоначалниците Висар Ганиу од општина Чаир , Стефан Богоев од општина Карпош и Саша Богдановиќ од општина Центар кои како што рекоа не се чувствуваат обесправени, бидејќи сите добиле пари за приоритетните проекти.

 

Поврзани содржини