СОЦИЈАЛНАТА РАБОТНИЧКА ОД ПРИЛЕП ДОБИ ПОДДРШКА ОД КОЛЕГИТЕ ОД КАВАДАРЦИ Членовите на Синдикатот еден час ја прекинаа работата

Да напоменеме дека и покрај прекинот на работата, сите служби на МЦСР Кавадарци работеа без застој, а корисниците беа навремени услужени, беше посочено на собирот.

702

Социјалните работници од Кавадарци денеска дадоа поддршка на нападната колешка од Прилеп.

„Членовите на Синдикатот на вработените во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Кавадарци денеска еден час ја прекина својата работа солидаризирајќи се со другите вработени од државата, во знак на жалење за немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп, каде врз наша колешка беше извршен обид за убиство“, беше кажано на собирот.






Притоа беше укажано дека ова не е прв немил настан од ваков тип, од причина што социјалните работници се мета на насилство и говор на омраза од несовесни корисници.

„Да напоменеме дека и покрај прекинот на работата, сите служби на МЦСР Кавадарци работеа без застој, а корисниците беа навремени услужени“, беше посочено на собирот.

Претходно, Министерството за социјални политики, демографија и млади објави дека правото на протест е едно од основните права на човекот и е загарантирано со многу меѓународни документи, како и во националните устави на бројни држави.

Министерството реагираше на изјавата на Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ, за наводно вршење на притисок врз вработени во центрите за социјална работа, како и закани дека ќе бидат избркани од работа доколку излезат на протест.

„Ве известуваме дека од страна на Кабинетот на министерот и министерот Фатмир Лимани лично, такво нешто не се случило. Самиот чин е недозволив и не смее да се случи“, се вели во реакцијата на Министерството.

 

Поврзани содржини